Жената која го носи името Алиша Бет Мур сите ја знаме како Пинк. Таа ги достигнува ѕвездите на почетокот од новиот милениум кога станува светски популарна.
Таа почнала да настапува во клубовите во Филаделфија, уште кога имала 14 години, и поминала одредени фази во кои се занимавала со скејтборд, како хипхопер и гимнастичарка.
На 16 години заедно со друга севојка таа ја формирала R&B групата Choice. Тие склучиле договор со L.A. Reid, работеле со различни продуценти две години, никогаш не издале песна, сè додека Рејд не ја натерал Пинк да ја развива својата соло музичка кариера. Идејата за сценското име “Pink” го зела од филмот Reservoir Dogs каде што се сретнува лик со име Mr. Pink.
Во 1995 година, Алиша Мур се приклучила во Choice, американски R&B бенд составен од женски членови, во кои влегувале и Криси Конуеј и Шерон Фланаган. Копија од нивната прва песна, „Key to My Heart“, била испратена на издавачката куќа LaFace Records во Атланта, Џорџија, каде Л.A. Рид ја слушнал и им овозможил бесплатен превоз до таму за да може да го слушне бендот како пее во живо. Групата се распаднала во 1998 година.
Првиот соло албум на Пинк , „Can’t Take Me Home“, е издаден во април 2000 година. Има добиено дупла платинумска сертификација во САД, со повеќе од 5 милиони продадени копии ширум светот, а на албумот се наоѓаат и првите два сингла: „There You Go“ и „Most Girls“ (број еден во Австралија). Третиот сингл од албумот, „You Make Me Sick“, бил во листата на топ 40 во САД, во топ десет листата во Обединетото Кралство, а се појавил и во филмот Save the Last Dance. Песната „Split Personality“ била користена во филмот Дневниците на Принцезата. Во 2001 таа била дел од „Lady Marmalade“, со пејачката Кристина Агилера, раперот Лил Ким, и пејачката Mýa за дискот со песни на филмот Moulin Rouge
Пинк има освоено две Греми награди, 5 MTV Видео Музички Награди и 2 Британски музички награди. До сега има продадено повеќе од 35 милиони албуми ширум светот. Во 2010 магазинот Forbes Magazine, ја вброил Пинк како 27-та најмоќна позната личност.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот
Discussion about this post