Како и секогаш, Пако Рабан и овој пат предизвикa неверојатно изненадување со новиот машки парфем PHANTOM .
Оваа година, брендот продолжува со пробивање на границите , рефлектирајќи ги аспирациите на помладата генерација: свет каде што секој може да биде сигурен во себе.
Храбра покана да се излезе од рамките на секојдневието и да се слави животот во поинаква смисла.
Зачекорете во Пако галаксијата и придружете се на интергалактичката забава, каде што секој е поканет и каде што можете да бидете тоа што сакате и како се чувствувате, без разлика кој сте и во каков свет живеете.
Футуристички ароматичен парфем, произлезен од луксузното мајсторство и новата технологија која ја нуди Пако. Креативниот процес на бирањето на аромите и мирисите е за чувството на енергија и моќна самодоверба. Она кое му треба на секој маж.
Храбар мирис со ноти на кремава лаванда, енергичен лимон и дрвенеста ванила. Радикално различен и тотално изненадувачки, PHANTOM е првото шише што остварува комуникација со вас преку вашиот телефон. Едноставно , вклучете ја NFC – опцијата на вашиот смартфон , доближете го телефонот до шишето и влезете во универзумот на PHANTOM. Шишето е во облик на сребрен робот, а со поврзувањето влегувате во димензија на интерактивни филтри, персонализирани плеј – листи, игри, поинаква
реалност…
Пако – галаксијата позајмува моменти и од поп – културата и од научно – фантастичните класици. Сетот е инспириран од куќа со модернистичка архитектура во Палм Спрингс , каде што се одвива гламурозна, шик забава со флертување и сензуален танц.
PHANTOM – мирис на новиот свет што прави да се чувствувате секси, моќно, енергично и храбро. Затоа што, за Paco Rabanne, иднината не е фантазија, туку е сегашност.
Иновативната модна куќа на Paco Rabanne, која e основана во 1966 година, се истакнува по авангардната визија уште од најраните колекции што зрачат со неговите идеи за предизвикување на класичните кодови, преку уметничкиот радикализам од шеесеттите и употребата на неконвенционални материјали, како метални жици и решетки. Со доаѓањето на Џулиен Досена како уметнички директор во 2013 година , модната куќа доби обновена младешка енергија. Досена го искористи исконскиот ДНК на Paco Rabanne, со тоа што го пренамени за новата генерација.
„КРЕАТИВНОСТА НЕ ЗНАЧИ ПРИВЛЕКУВАЊЕ, ТУКУ ИЗНЕНАДУВАЊЕ“ – ПАКО РАБАН (1995).