Ако верувавте дека успехот во бизнисот е материјално најважната работа и дека сè друго треба да се потчини на тоа, оваа криза би можела да нè смени и да ве врати во фокусот на вистинската вредност, вели една од говорничките на TEDx, пренесува 24sata.hr.
– Јас се викам Тола Фишер, имам 34 години и живеам неуспешен живот. Така започна мојот говор на конференцијата TEDx минатата година, кога започнав да ја отфрлам навиката да ги следам митовите за успехот и ефектот што тој го има врз нашите животи. Јас страдав од психолошки пробелми кои се резултат на споредба, засилени со постојаното гледање на социјалните мрежи. Прашањето зошто не живеам во сопствена куќа, зошто не возам скап автомобил, зошто не можам да покажам дека сум успеала во животот итн., ме вознемируваа – вели Тола Фишер, блогер, колумнист и писател.
Таа додава дека денес знае дека сето ова треба да се сфати како детали за имиџот на богат, наместо успешен живот, но тука би требало време да се разбере и дека кризата која владее со пандемијата со корона би можела да нè поттикне конечно да се свртиме кон вистинските вредности.
- Пред неколку години, видов реклама во која се вели: „искористете го времето од 18 до 19 часот за да се подобри ефикасноста помеѓу 9 и 17 часот“. Многу семејства еднаш се соочија со сугестија дека доколку сакаат да ја подобрат својата благосостојба, треба да учат навечер, што претставуваше потреба која треба да ја прифати целото население. Продуктивноста отсекогаш се истакнуваше како нешто што може да се идентификува со успехот, и сега сè се менува. Во училиштето, нè научија дека можеме да бидеме што сакавме. Благодарна сум за образованието што го добив и за можноста да го живеам мојот детски сон да бидам писател. Но, вербата дека можеме да бидеме сè што сакаме и да имаме сè што сакаме, не лишува од знаењто како „да имаме се“ и не е вистинската мерка за успех. Ниту еден совет од учителите од училиштата не подразбираше дека би можеле да се подготвиме за кариера како чистачка, старателка или дури и дека ќе бидеме мајки еднаш. Ова едноставно се гледа како на традиционалната улога на жените, и иако не ја прифаќаме често, улогата не е лесна – раскажува Тола кукла Фишер за Хафингтон Пост.
Нејзиното видео во прилог:
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.