Со појавата на пандемијата, скоро сите жители на земјата беа приморани да го променат својот начин на живот. Голем број бизниси и компании се затворија, училиштата исто така. Луѓето почнаа да учат како да работат од дома, сведувајќи го излегувањето од дома на минимум.
Се соочуваме со голема неизвеснот за иднината. Но, можеби овој вирус ќе не научи за можеби најважната лекција како да се однесуваме кон Мајката Земја. Во овој период, многумина се вратија на поедноставниот начин на живеење. И можеби ова е порака од природата да успориме и да размислиме за најважните работи во животот.
ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ Е ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛЕНО ОТКАКО ЛУЃЕТО ПОРЕТКО ПАТУВААТ
Според CNN, сликите направени во текот на овие неколку недели во месец март покажуваат помала количина на нитроген диоксид на Земјата во однос на минатата година. Голем број држави донесоа одлука движењата да се сведат на минимум, одењата на работа се изретчени, како и движењата за пазарење.
Како прв пример, истражувањата покажуваат дека во Кина и нивните брзо преземени мерки за затворање на фабриките и големите погони, доведе до значително намалување на движењата на луѓето по улиците, односно 20-30% намалување на загадувањата во однос на минатата година.
КАНАЛИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈА СЕ ДОВОЛНО ЧИСТИ ЗА ДА СЕ ВИДАТ РИБИТЕ
Минатите две недели имавме можност на многу места на социјалните мрежи да ги видиме чистите канали во Венеција и појавата на рибите кои ја воодушевија јавноста. Без движењата на бродовите и постојаниот број на туристи, Венеција би изгледала како вистинска разгледница.
СЕМЕЈСТВАТА СЕ ЗАЕДНО И СЛОЖНИ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА
Ако претходно се чувствувавте како да немате доволно време да се посветите на своето семејство, сега е вистинскиот момент да уживате во тоа. Луѓето во овој период се посложни, похумани, барајќи начин заедно да го победат тешкиот период. Младите се грижат за повозрасните, пријателите, соседите. Многу хуманитарни акции се преземени, од набавка на намирници за пријателите кои се во карантин или пак компании кои создадоа маски и ракавици со цел да се донираат на медицинските лица…
ЛУЃЕТО СЕ ЗАЕДНО И СИ ПОМАГААТ НА УНИКАТНИ НАЧИНИ
Ги гледавме видеата во Италија со песните на прозорите, танцувањата на улица во Сан Францско, танцот на полицијата во Шпанија, аплаузот за медицинските лица во Србија, поддршката која голем број земји ја даде на Загреб после страшниот земјотрес…Сите тие начини каде луѓето се сложни барајќи начин и заедничка утеха додека се ова помине.
СФАЌАМЕ ШТО Е ВИСТИНСКИ ВАЖНО ОВДЕ НА ЗЕМЈАТА
Можеби вистинскиот лек од се ова што се случува ќе биде во нашите срца… Сега сфаќаме дека лајковите на социјалните мрежи не се причина за грижа, сметката во банка не ни значи многу кога немаме каде да трошиме…Зрак светлина и малку природа е она што ни е најмногу потребно. Се би дале за еден ден поминат надвор на природа заедно со пријателите. Земјата исцелена и чиста е нашиот најдобар извор за среќа и кога се ова ќе помине, да останеме достојни за нејзината грижа кон нас и да возвратиме со големо внимание.
Извор: www.powerofpositivity.com