Конечно сега имаме време да читаме, но ако на децата им недостасува мотивација, запомнете дека ова е време кога можете да ги „заразите“ со книги и да ги развивате нивните навики за читање.
Весна Петровиќ, психолог и психотерапевт од Србија, за порталот Зелена Учионица, вели дека се препорачува да се воведе читање како семеен ритуал и да се утврди дека се изведува секој ден во исто време
„Најдобро е во вечерните часови“, препорачува Петровиќ. – Прочитајте ја гласно книгата по избор на вашите деца, а потоа дајте им на нив да прочитаат неколку реда или, уште подобро, страница за вас. Се зависи од возраста. На овој начин ќе бидете сигурни дека добро сте го организирале своето време и дека сте испратиле здрава порака до децата.
Дозволете им да ви го наметнат вкусот и предложете нешто за нив за што мислите дека може да биде забавно и корисно.
Читањето гласно е добро затоа што случките во книгата ве ставаат во центарот на вниманието на децата, како извор на возбудливо искуство.
Покрај тоа, на овој начин ќе се збогати вокабуларот на децата и нивното општо знаење, благодарение на фантазијата која што ги носи на нови места, ситуации и доживуавања со други ликови.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.