Европското првенство во фудбал што требаше да се игра од 12 јуни до 12 јули ќе биде одложено за една година. Информацијата први ја обелоденија челниците на Фудбалската Федерација на Норвешка, за сега да ја потврди и раководството на УЕФА, објавувајќи дека новите термини ќе бидат 11 јуни – 11 јули 2021 година.
„Во вакви времиња, најважно е фудбалските фактори да покажат одговорност, единство и солидарност. Здравјето на навивачите, тренерите и играчите се наш приоритет, па УЕФА даде предлози за сите натпреварувања да завршат безбедно, горд сум што наидовме на разбирање и поддршка од колегите од сите земји ширум фудбалска Европа“, изјави Александар Чеферин.