Kорона вирусот можеби ги стoпираше сите планови за одмор на многу луѓе, но еден австралиски пар реши да ја земе како инспирација промената и на креативен начин да ужива во седењето дома, односно планираното крстарење да го „спроведе“ во дневната соба.
Дејв и Норма планирале да ја прослават својата 53-та годишнина од брак на крстарење околу Пацификот. Разбирливо „разочарано“, тие решиле наместо тоа да го донесат крстарењето кај нив, поставувајќи малку алтернативна авантура во нивната дневна соба во Мелбурн.
Во видеото, кое на Тикток го сподели нивната ќерка Џејн, парот може да се види како ужива во пијалок со нозете нагоре со снимки од морето на ТВ-екранот пред нив.
Браво за идејата 🙂
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.