Кралската сага на Меган и Хари се чини дека доби официјална разрешница.
Иако претпоставките беа дека нема да ги изгубат кралските титули, сепак заради одлуката која ја донесоа, ним повеќе нема да им се обраќаат со „кралско височество“ и нема повеќе да добиваат пари од државата, односно Војводата и Војвотката од Сасекс нема повеќе да бидат претставници на Кралицата Елизабета Втора.
Викендов, Хари се обрати на присутните гости на добротворна вечера во Лондон организирана од Сентебале, тоа е организација за помош на деца заболени од СИДА во Јужна Африка.
Во говорот тој истакна дека со сопругата, дека каде и да одат, Велика Британија секогаш ќе биде неговиот дом и дека тоа нема да се промени. Изјави дека има најдлабока почит кон неговата баба и дека после месеци размислување, немале друг избор освен да се повлечат од кралските функции.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.