Фановите на брачната двојка која беше обожавана од целиот свет во периодот од 2000 до 2005 година се повторно на нозе заради средбата на Бред и Џенифер за време на доделувањето на SAG Awards.
Додека актерката ја примаше наградата за најдобра женска улога во жанр драма, фоторепортерите го овековечија моментот како поранешниот сопруг посветено ја слуша, ја следи со насмевка на лицето. Истото се случи кога Пит држеше говор после примање на неговата награда на сцена.
Медиумите не ги пропуштија ниту моментите каде што тој ја држи за рака и нежно разменуваат зборови меѓусебно.
Луѓето споделуваа фотографии на Инстаграм каде што е очигледно задоволството од повторната средба велејќи дека „Светот е добар повторно“, алудирајќи на можната обнова на врската.