Скијањето има историја од скоро пет милениума. Но, сепак современото скијање се создадено Скандинавија. Постојат податоци дека пред многу векови, во минатото, оваа дисциплина исто така била присутна во денешна Кина.
Зборот скијање е еден од норвешките зборови кои се користат интернационално. Доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“.
Раните скијачи користеле долга штека или копје. Првиот опис на скијач со две штеки датира од далечната 1741 година.
Сè до средината на 19 век, скијањето се користело само за транспорт, а од тогаш се смета за рекреација и спорт.
Армиски скијачки трки се одржувале во 18 век во Норвешка, а скијачкото војување било изучувано при крајот на 18 век. Со развојот на опремата за скијање и со појавата на ски-лифтовите, скијањето се поделило на два типа, алпско и нордиско скијање.
Во Македонија, имаме неколку планински места за вљубениците во овој спорт да можат да го практикуваат во текот на зимата. Сезоната можеби не е сеуште започнаат заради временските услови, но во секој случај, Маврово, Попова Шапка и Кожув се одлична опција во текот на зимата.
Извор: Википедија
При објавување материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот