Дали некогаш сте помислиле да ја изедете чашата откако ќе го испиете кафето?
Авио компанијата Air New Zealand го тестира производството на бисквит чаши за кафе, создадени од компанијата Twiice за патниците во авионите или на аеродромот кои откако ќе го испијат своето кафе, буквално можат да ја изедат чашата како нормална бисквита со вкус на ванила.
Чашата за јадење е направена од пченично брашно, шеќер, јајце и природен вкус на ванила. Од компанијата Twiice велат дека чашата е непропустлива и ќе остане тврда и крцкава барем онолку време колку што е потребно да се испие кафето и нешто подолго.
Целта на производството на чаши за јадење е секако, намалувањето на отпад.
Дали и вие би сакале да го испиете кафето во бисквит чаша со вкус на ванила?
Извор: businesstraveller.com
При објавување материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот