Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

35
Прегледи
Сподели на фејсбук

Во рамки на програмата за социјално – одговорни активности, Компанијата “Мотоцентар“ традиционално, во екот на новогодишните празници организира предновогодишно дружење со членовите на Специјалната Олимпијада Македонија.

Во тој празничен дух се одржа и овогодишната средба на која присуствуваа Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија и најдобриот македонски тркач со спортски автомобили – Игор Стефановски – Иџе.

Ретроспектива на убавите моменти, споделување на спортските успеси и одбележување на долгогодишната поддршка и соработка беа дел од едночасовната забавна програма која вработените во “Мотоцентар“ ја подготвија за предновогодишната средба со Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија.

“За нас, како Компанија, овие моменти претставуваат вистинско опуштање во секојдневното динамично темпо на живеење и навистина сме среќни што ги поддржуваме и соработуваме со Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија. Нивните успеси се и наши и ќе продолжиме да ги бодриме.“- изјави г –ѓа Моника Бошкоска, Маркетинг Директор на Компанијата.

“Навистина ми е драго што имаме вакви пријатели и поддржувачи како “Мотоцентар“ и верувам дека заедно чекориме и ќе продолжиме да чекориме полесно кон врвот. Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија се вистинска инспирација за сите нас – со љубов и упорност успехот е загарантиран, а особено кога имаме поддршка од нашите пријатели.“- додаде г-ѓа Ана Зафирова, Претставник на Специјалната Олимпијада Македонија.

Настанот го отвори детскиот хор “Гласот на децата“, а Атлетите се дружеа и разговараа за нивните успеси со бренд амбасадорот на “Мотоцентар“, Игор Стефановски – Иџе, како и со останатите присутни гости на настанот. За музичката програма се погрижи Александар Тарабунов кој заедно со Атлетите создаде одлична новогодишната атмосфера.

Како компанија со традиција, покрај примарната дејност – продажба и третман на пневматици, Мотоцентар дава придонес и за општеството во кое опстојува веќе 25 години. Токму затоа ваквите средби значат навистина многу за целото семејство “Мотоцентар“.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ОГРОМЕН НАПРЕДОК ЗА СВЕТОТ – ОБЛЕКА ОД ДИВИ ЦВЕЌИЊА

Следен пост

ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ РОМАН НА ВИНКА САЗДОВА

Следен пост

ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ РОМАН НА ВИНКА САЗДОВА

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.