Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ОГРОМЕН НАПРЕДОК ЗА СВЕТОТ – ОБЛЕКА ОД ДИВИ ЦВЕЌИЊА

Чекор понатаму во чување на животната средина

143
Прегледи
Сподели на фејсбук

Од џемпери направени од мерино волна до јакни сo гускини и паткини пердуви, сите ние наоѓаме начин како да се затоплиме во текот на зимата. Повеќе од порано, денес е актуелен алтернативниот начин на затoплување кој не вклучува жртва на птици и животни, а тоа е облека која е направена од синтетика и полиестер. Но, тоа што редовно се заборава е фактот што во првата ситуација во процесот често се случува доколку се употребат пердуви од стари гуски, да останат лоши бактерии кои може да предизвикаат осип. Уште потрагичен е фактот што на многу суров начин се обезбедуваат пердувите и притоа нема начин како птиците да не страдаат.

Во втората ситуација пак, синтетичките производи не се еко-пријателски бидејќи со нивното постоење придонесуваат во зголемување на процентот на загадување со пластика.

Која е алтернативата?

PANGAIA е компанија која што има една цел – да ја спаси животната средина. Множество од научници, технолози, дизајнери креираат основни производи од иновативни технолошки и био-инженерски материјали кои се за секојдневна употреба.

Тие велат дека погледот на светот кон модните избори и начинот на производство може да се промени доколку на луѓето им се понуди алтернатива.

PANGAIA создаваат облека од диви цвеќиња кои ги собираат од области каде што постои можност за обнова. Овој вид регенеративно земјоделство резултира во намалување на производството на штетни гасови (12 тони CO2 на хектар растителен материјал). Методот исто така помага да се зачуваат подземните води, бидејќи не е потребно наводнување

За јакните кои ги произведуваат тие велат дека не само што ја одржуваат топлината на телото, туку и кожата може да дише во нив, а исто така се и хипоалергени. Најголемата придобивка е што се создадени без насилство врз животните, а сепак на крај ја имаат истата функција и цел.

Технологијата која што се употребува е патентирана од стрaна на компанијата, а од таму велат дека имаат за цел со секоја технологија со која работат, да пробаат да решат проблем со животната средина преку модната индустрија.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ШТО МУ ПРАВИ НЕДОСТАТОКОТ НА ВИТАМИН Д НА ВАШИОТ ОРГАНИЗАМ?

Следен пост

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

Следен пост

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.