Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

„Ништо не е поважно од тоа да го пронајдете сопствениот мир. Ништо не е побогато и пореално.“ Дипак Чопра

41
Прегледи
Сподели на фејсбук

Дипак Чопра е роден на 22 октомври 1946 тој е американски автор, јавен говорник, стручњак по алтернативна медицина и истакната фигура во Њу ејџ движењето.
Преку неговите книги и видеа тој стана еден од најпознатите и најбогатите личности во алтернативната медицина.

Чопра студирал медицина во Индија пред емигрирањето во САД во 1970 година, каде што завршил интерната медицина и ендокринологијата. Како лиценциран доктор работел во болницата „the New England Memorial Hospital“ каде во 1985 година, тој го запознал Махариши Махеш Јоги и се вклучил во движењето „Трансцендентална Медитација“. Тој веднаш поднел оставка во болницата за да го формира Здравствениот центар Махариши Ајурведа.

Подоцна го напуштил движењето „Трансцендентална Медитација“ за да стане извршен директор на Центарот за медицина на ум-тело на Sharp HealthCare, а во 1996 година го основал „Центарот за добросостојба на Чопра“.
Чопра верува дека едно лице може да постигне состојба на “совршено здравје”, состојба “која е ослободена од болест, без болка” и состојба “каде што не може да старее или да умре”.

Во прилог неколку цитати од Дипак Чопра:

„Ако сакате да направите навистина важни и големи работи во животот, не можете да направите ништо сами. Најдобрите луѓе за тоа се твоите пријатели и твоите браќа и сестри.“
„Секогаш прави ги работите со страст. Никогаш не се прашувај дали е реално или не.“
„Вистинската тајна за долг и здрав живот е всушност да му дозволите на телото да се грижи за вас.“
„На крајот, духовната свест се случува кога си флексибилен, кога си спонтан, кога се прифаќаш себе и ги прифаќаш другите.“
„Клучот е да се живее во средина каде што умот е слободен да ја избере вистинската работа, наместо да биде принуден од навика да ја избере погрешната работа.“
„Ние вистински мораме да се едуцираме самите за тоа кои сме и кој е нашиот вистински идентитет.“
„Њу Ејџ движењето ја вреднува свесната еволуција, несекторско општество, невоена култура, глобално споделување, заздравување на животната средина, одржливи економии, самоопределување, социјална правда, економско зајакнување на сиромашните, љубовта, активно сочувство, надминувајќи го религиозниот фундаментализам, надминувајќи го национализмот – екстремниот национализам, култура.“
„Најдобриот начин за да бидете среќни, е секој ден да бидете среќни.
Ништо не е поважно од тоа да го пронајдете сопствениот мир. Ништо не е побогато и пореално.“
„Животот ти дава многу време да правиш што сакаш се додека го правиш тоа во сегашниот момент.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

Бурниот живот на прекрасната Ава Гарднер

Следен пост

“Постојат два типа жени, тие кои сакаат моќ во светот и тие кои сакаат моќ во спалната соба“ – Џеки Кенеди

Следен пост

“Постојат два типа жени, тие кои сакаат моќ во светот и тие кои сакаат моќ во спалната соба“ - Џеки Кенеди

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.