Џеки Кенеди беше сопруга на 35 претседател на Соединетите Американски Држави, Џон Ф. Кенеди. Светот ја запозна како тивка и симпатична девојка, која со текот на времето прерасна во жена, дама за почит која ги предводеше сите модни трендови преку сеприсутниот стил, елеганција и грациозност. Но, не е само чувството за мода тоа кое што ја правеше посебна. Таа се памети по нејзиниот придонес кон уметностите и зачувувањето на историската архитектура.
Жаклин Ли Бувие е родена во Саутемптон, Њујорк, во семејство на трговскиот посредник на стока Џон Вернон Бувие и Џенет Нортон Ли. Семејството на нејзината мајка има ирско потекло, а нејзиниот татко потекнува од француско – англиско семејство. Таа има факултетска диплома по уметности во француската литература. Во мај 1952 година се запознала со нејзиниот иден сопруг, Џон Кенеди. Набрзо потоа почнале да се гледаат, а свадбата ја направиле на 12 септември 1953 година. Јавноста низ годините беше запознаена со животните тешкотии низ кои помина Првата дама, а сепак успеа да ги преживее и да продолжи понатаму. Почнувајќи од неверствата на сопругот, а завршувајќи со смртта на нејзините деца.
Неколку цитати од неа останеле запаметени на кои се потсетуваме денеска:
- Бисерите се секогаш соодветни како моден додаток.
- Постојат многу начини да го зголемите знаењето на вашето дете. Љубовта кон книгите е најдобриот начин за тоа.
- Јас секогаш сакам да добијам минимум информации со максимум љубезност.
- Еден маж може да ја направи промената. На жената е одлуката дали ќе ја испроба.
-
Јас сум жена пред сè.
-
Кога ќе најдете начин да се изразите себеси, тогаш ќе можете да му кажете на светот што навистина сакате. ..Сите промени во светот настанале прво преку експресијата на зборови.
-
Постојат два типа жени, тие кои сакаат моќ во светот и тие кои сакаат моќ во спалната соба.
-
Децата беа најубавиот подарок за мене и јас сум благодарна што успеав да го видам светот уште еднаш, овојпат преку нивните очи.
- Јас сакам да го живеам сопствениот живот, не да го снимам.
-
Не постојат мажи кои се верни на нивните сопруги.
-
Ниту еден човек не треба да дозволи да биде совладан од тагата.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.