Нина Бадриќ е хрватска поп-пејачка која започна да настапува во почетокот на 1990-тите години. Таа повеќе пати е добитник на престижната награда Порин во Хрватска и е една од најпочитуваните и најнаградуваните музичари чија популарност е позната надвор од границите на Хрватска.
На девет години пеела во детскиот хор “ Ѕвезди” преку кој имала можност да патува низ светот. Благодарение на нејзиното учество во хорот имала можност да сними неколку албуми и се стекнала со многу искуство во хорското и госпел пеење.
Првата деби песна “Нестварни години” ја има објавено во 1995 во соработка со дискографската куќа Croatia Records, но поголем успех постигна по дуетот со Емилија Кокич и песната “Јас сум воз” .
Во 2002 година во Босна и Херцеговина е прогласена за најдобар странски изведувач и добитник на наградата музички “Оскар”. Четири пати учествувала на хрватскиот натпревар Дори – за избор на песна на Евровизија.
Еден од најзначајните личности за нејзината музичка кариера кој многу помогнал во нејзиниот разбој е покојниот Дино Дворник. За прв пат се сретнале во бутик каде што работела Нина пеејќи ја песната што во тој момент се емитувала на радио. Дино го изгасил радиото и и рекол на Нина да го отпее истото без музика. Бил многу импресиониран од нејзиниот вокал и веќе следниот ден заминал со неа во “обиколка” низ хрватските издавачки куќи.
Со објавување на албумот Personality во 1997 година од страна на издавачката куќа Zg Zoe Music, нејзината музичка кариера доживува кулминација. Како најпродаван за 1997 и 1998 година, овој албум и носи на Нина две победи на Порин, и тоа за најдобра женска вокална изведба и најдобар поп албум и поп музика.
Големиот солистички концерт на 14 февруари 2005 година (за Денот на вљубените) во Загреб, го означи врвот на нејзината музичка кариера. Концертот бил од хуманитарен карактер поддржувајќи ја кампањата на УНИЦЕФ за вдомување на напуштените деца. Специјално за таа прилика биле подготвени стари хитови со нови аранжмани. Концертот бил снимен и објавен истата година “ Љубов за љубов “- во живо, во издание на издавачката куќа Аквариус Рекордс. Материјалот се состои од 23 песни односно до тогаш целата музичка кариера на Нина.
Покрај успехот кој го остварува со нејзиниот седми по ред албум “07”, Нина во 2007 година потпишува договор со светската компанија за часовници “Frédérique Constant” чија кампања стана позната за целиот свет. Благодарение на таа рекламна кампања, која заврши во најзначајните меѓународни списанија како што се Грација, Њујорк тајмс, списание Харперс базар како еден од најважните во светот на модата, но и американскиот Вог чиј уредник е незаменливата Ана Винтур. Таа година ликот на Нина беше виден на билбордите ширум целиот свет како и на сите меѓународни аеродроми.
Во моментов, Нина е една од најценетите музичарки на Балканот. Жена со одлични гласовни можности и беспрекорен стил.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот