Никол Мари Кидман е родена во Хонолулу, американската држава Хаваи, на 20 јуни 1967 година, од родители по потекло од Австралија. Кога идната ѕвезда наполнила 4 години, целото семејство се враќа во Австралија. Никол има помала сестра Антонија, која по професија е новинарка и водителка.
Од мали нозе Никол ја привлекувала уметноста. Почнала да учи балет, пеење, историја на театарот…..но, кога била во средно училиште морала да го прекине школувањето заради тоа што мајка и заболела од рак на градите.
Првата официјална средба со камерата Никол Кидман ја имала на 15-годишна возраст во видео спотот на пејачот Пет Вилсон „Bop Girl“.
Нејзиниот ѕвезден подем почнува во 80-те години од минатиот век преку голем број австралиски теленовели и филмови, но, најголема популарност и донесе серијата „Бангкок Хилтон“.
Холивудска слава и носи филмот “Денови на грмотевицата“ каде се зближува со актерот Том Круз, а врската завршува со свадба во 1990 година.
Во годините што доаѓаат Никол постигнува планетарна слава, не само како сопруга на Круз, туку и како актерка која блеска во секој жанр што ќе го игра, од драма до акција, мјузикл што и носи и номинации за Оскар, а нејзината убавина, женствено држење и аристократскиот тен редовно ја ставаат на насловните страници на сите светски списанија.
После разводот со Том Круз во 2001 година следат одличните филмски улоги во „Часови“ на Стивен Долдри, кој доби серија награди и во спорниот, но, култен филм на контроверзниот режисер Ларс Фон Трир “Догвил“.
Никол Кидман отсекогаш провоцирала со актерската игра, со сценаријата што ги избирала и со темите на своите остварувања. На пример, филмот „Раѓање“, кој ја опишува историјата на познатиот клипмејкер Џонатан Брајт, каде играше со Ен Хеч и Лорин Бекол, пред премиерата на Венецијанскиот фестивал во 2004 година, беше обвинет дека промовира педофилија бидејќи Кидман имала секс со 10-годишно дете. Но, за својата глума Никола беше номинирана за наградата „Златен глобус“ и филмот доживеа голем успех во Европа, додека во САД беше забранет.
Оваа актерка е жена која заработува и на својата единствена убавина. Таа три години по ред беше заштитно лице на брендот Шанел 5, а 10-тина секунди во видео реклама таа заработуваше и по 4 милиони долари.
Како се менуваше нејзината кариера, така се менуваа и мажите во нејзиниот живот. Од прегратките на музичарот Лени Кравиц, таа отиде кај Тоби Мекгваер, Роби Вилијамс и Џад Лоу. Во 2005 година се запозна со пејачот Кит Урбан, каде очигледно ја најде вистинската среќа и нивната бајка трае до ден денес.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот