Актерката која не можете да не ја сакате, пред сè заради личноста која ја носи во себе и секако заради нејзината професионалност во изведба на улогите.
Родена на 22 јуни, 1949 во Самит, Њу Џерси во семејството на Мери Вулф Вилкинскон и Хари Вилијам Стрип Јуниор растејќи со двајца браќа.
Нејзиното филмско деби се случи во 1971 година во “The Playboy of Seville”. Добитник на три Оскари во кариерата и важи за најдобра актерка во нејзината генерација.
Често може да сретнеме извадоци од нејзините интервјуа за разни медиумски куќи каде таа секогаш е јасна во своите ставови и е една од ретките која знае што зборува бидејќи ја има потребната интелектуална способност. Да се потсетиме не некои од нив:
- Луѓето велат – Кога имаш деца сè се менува. Но, можеби само станува збор за будење на светот кој секогаш сме го носеле во нас.
- Сакам да го чувствувам животот додека го живеам.
- Сè што кажуваме е значајно; сè се брои, сè што дозволуваме да биде во нашиот свет. Тоа влијае на нашите деца, влијае на духот на времето.
- Ние сме истите личности, исти ќе бидеме и кога ќе остареме, а тие старци тогаш ќе бидат истите оние деца кои трчале безгрижно на осумгодишна возраст.
- Јас сум љубопитна за другите луѓе. Тоа е суштината на мојата глума. Сакам да знам како е да бидеш ти.
- Мораш да продолжиш да го правиш тоа што го правиш во моментов. Тоа е лекција што ја научив од мојот сопруг; тој знае да рече: “Продолжи така. Почни на тој начин што ќе почнеш од почеток”
- Скапите алишта се залудно потрошени пари.
- Интересно е тоа што младите луѓе не доаѓаат за совет. Посебно, оние кои се во крвна врска со тебе.
- Личноста што ја носиме е транспарентна карактеристика, уште од раѓање и не мислам дека е подложна на промени.
- Мајчинството има многу хуман ефект. Сè се сведува на минимализам и суштина.
- Да глумиш не значи да бидеш некој друг. Значењето е да ја најдеш сличноста во тоа што е навидум различно, а потоа да се најдеш себеси таму.
- Не мора да бидеш популарен. Само треба да ги направиш своите родители горди луѓе.
- Имам многу убав живот – среќна сум што не сум лишена од убавини.
За крај, отвореното писмо кое таа го прати во јавноста пред некоја година, а доживеа неверојатна популарност.
“Веќе немам трпение за некои работи во животот. Не затоа што станав арогантна, туку едноставно, затоа што дојдов до таа точка кога веќе не сакам да губам време на работи кои ме прават незадоволна или тажна. Немам веќе трпение за цинизам, претеран критицизам или какви било барања.
Изгубив волја за да ги задоволувам оние кои не ме ценат. Немам љубов за оние кои не ме сакаат и не сакам да им се насмеам на оние кои не ми се насмевнуваат мене. Не трошам веќе ни секунда на оние кои ме лажат или се обидуваат да ме манипулираат. Не сакам веќе да бидам во близина на оние кои се преправаат, кои се нечесни и површни. Не ја толерирам академската ароганција и не ја прифаќам популарната тривијалност. Мразам конфликти и споредби.
Верувам во светот на спротивности и затоа избегнувам луѓе со крути ставови и нефлексибилност.Во пријателството не толерирам недостаток на верност. Не се сложувам со оние кои не знаат да дадат комплимент или збор за охрабрување. Тешко ми е да ги сфатам луѓето кои не сакаат животни.
Но, најмногу од сè немам трпение за никој кој не го заслужува моето трпение!“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.