Поранешната Прва дама на САД, Мишел Обама важи за една од највлијателните жени во светот која остави и се уште остава голем печат врз јавноста. По завршувањето на мандатот на нејзиниот сопруг Барака Обама, таа ја објави книгата „Becoming“ која стана бестселер и имаше неверојатно добри критики од магазинот New York Times.
Во продолжение, дел од книгата преточен во неколку цитати.
- Дали можете да имате се? Да, но не во исто време
- Без разлика од каде потекнувате, вашиот успех ќе биде одреден од вашата самодоверба и цврстина.
- Вашата приказна е она што го имате, она што секогаш ќе го имате. Тоа е нешто што треба да се поседува
- Не можете да ја земете слободата здраво за готово. Исто како и генерациите кои биле пред вас, треба да одиграте улогата што ви е предодредена и д аја зачувате слободата.
- Дали сум доволно добра? Да, сум!
- Силните мажни немаат потреба да ги потценуваат и навредуваат жените за да се почувствуваат моќни
- Успехот е значаен и треба да уживате во него, тој прави да се чувствувате свои
- Ако има нешто што научив во животот тоа е моќта да го користам својот глас
- Никогаш не треба да ги гледате вашите предизвици како недостаток. Наместо тоа, важно е да разберете дека вашето искуство со кое се соочувате и надминувате препреки е всушност една од најголемите предности
- За мене, да се стане не значи да се стигне некаде или да се постигне одредена цел. Наместо тоа, го гледам како движење напред, средство за еволуција, начин да се постигне континуираност кон подобра верзија од себе. Патувањето никогаш не завршува.
- Наместо да дозволите вашите тешкотии и неуспеси да ве обесхрабрат или исцрпат, нека ве инспирираат. Дозволете им да ве направат уште погладни за успех.
- Треба да се поставиме себеси повиско на ‘to do’ листата.
- Неуспехот е важен дел од вашиот развој и способноста за брзо опоравување од тешкотиите Не плашете се да успеете
- Никогаш не носете одлуки засновани врз страв, туку засновани врз надеж и можност. Донесувајте одлуки засновани врз тоа што треба да се случи, а не на она што не треба
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.