Ја нарекуваат првата старлета во Холивуд. Била попозната по својот приватен живот отколку по филмовите што ги снимила. Се мажела девет пати, а најпознат маж ѝ бил Конрад Хилтон, прадедото на Парис Хилтон.
Во својата автобиографија напишала дека љубовници ѝ биле Шон Конери, Френк Синатра. Но, додала и дека била многу пребирлива, па ги одбила Џон Кенеди, Елвис Присли, Џон Хјустон и Хенри Фонда.
Оние што не ги памтат нејзините филмови, сепак ќе се сетат на некои од нејзините цитати за мажите:
Никогаш не сум мразела ниту еден маж доволно за да му ги вратам неговите дијаманти.
Тоа што сте љубоморни на убава жена, нема да ве направи поубави.
Одлично ја одржувам куќата – секогаш кога ќе оставам некој маж, ја задржувам куќата.
Маж ми рече: јас или мачката! Понекогаш тој ми недостасува.
Да се биде сакан дава сила. Да се сака некого е слабост.
Нема подобри пари за трошење од сопствените.
На прашањето за тајните за долг брак, одговорам со омилената шега: Мажот одвреме-навреме треба да излегува со неговото машко друштво, а исто така и жената.
Сакам интелектуалци. Тие знаат сè, а не се сомневаат во ништо.
Мажот не е комплетен додека не се ожени. Потоа е готов!
Најдобро ќе запознаеш некого ако се разведеш од него.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот