Без разлика дали се работи за дочек на Нова Година, Божиќни празници или едноставно сезона на скијање, сите сакаме да отпатуваме некаде и да ја доживееме зимата во нејзината вистинска магија.
Шведска е идеална европска земја за сите љубители на снегот, ниските температури и зимските спортови. Нуди многу природни убавини, празнична атмосфера која заслужува пофалба и многу повеќе…
Во Шведска можете да спиете во хотел направен од мраз, кој се гради одново секоја година врз основа на дизајни направени од разни уметници. Тие користат ледени блокови направени од вода од реката Торне.
За оние кои не се плашат од студ и ниски температури, Шведска нуди совршени локации за кампување, каде ќе можете да бидете дел од најсектакуларниот приказ на природата – Аурора Бореалис северната светлина.
Иако Аурора Бореалис можете да ја видите било каде во северна Шведска, најдобрата локација е Националниот парк Абиско – северно од Кируна.
Дали знаевте дека во Шведска има околу 200 скијачки центри? Од одморалишта околу популарното скијачко село Аре, до високи врвови и скијачки центри, постојат стотици места каде можете да го искусите скијањето со полна душа.
Градските плоштади насекаде низ Шведска ќе ви овозможат незаборавно новогодишно искуство, доколку се одлучите новата година да ја дочекате таму. Елките се високи, зградите украсени, а небото осветлено од милион распрскани, разнобојни искри од огномет.
Gott nytt år!
Слична содржина: Како да честитате Нова Година и Божиќ на различни европски јазици
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.