Сибирскиот бербер, Кармен, Чајковски … Ако мислевте дека нема шанси некогаш да може да си дозволите една ексклузивна вечер во прекрасната зграда од 1861 година, Операта Garnier – која Наполеон наредил да се изгради лично за него, тогаш време да го промените мислењето. Една од позитивните работи во целата ситуација се токму ваквите можности кои културниот свет ги нуди.
Секако дека нема да можете физички да седите на столчиња обложени во црвено кадифе во некоја од оперските галерии, но всушност ќе можете да направите многу повеќе од тоа, ќе можете да слушнете некои од прекрасните парчиња што се изведувани со децении на оваа сцена.
За време на карантинскиот период, кој исто така е во сила во Франција, како и кај нас, ќе имате можност да слушнете и да видите настапи на некои од најпознатите и најубавите класични дела, како во форма на опера, така и во балет!
Квалитетот на сликата и звукот се беспрекорни, а се што треба да направите е да си ставите чаша од омиленото вино, да ја затемните просторијата, да се сместите во вашата омилена фотелја, да го зголемите тонот и да се уживате во магијата!
Ова е распоред на делата кои ќе бидат изведени од Националната опера во Париз во следниот период:
17-22 март: Манон (2020)
23-29 март: Дон Џovовани (2019)
30 март – 5 април: Лебедово езеро (2019)
6 април – 12 април: Сибирски бербер (2014)
13 април – 19 април: Оддавање почит на Џером Робинс (2018)
20 април – 26 април: Приказните за Хофман (2016)
27 април – 3 мај: Кармен (2017)
17 март – 3 мај: Комплетен циклус од шест симфонии од Петар Илич Чајковски
ТУКА можете да ја гледате во живо предвидената опрема.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.