Кралицата на попот, Мадона, ни по многу години не размислува да се откаже од својот престол. Но, ни нејзината публика не сака да ја тргне оттаму.
Доказ за ова е што пејачката е прогласена за Жена на годината според изборот на нагазинот Билборд, а признанието го доби минатиот викенд на гала вечерта под име „Жените во музиката.“
Таа со насмевка на лицето ја прими наградата и изјави дека живееме во свет кој е многу посуров кон жените отколку кон мажите, па затоа морала да се бори многу повеќе за да стигне до ова ниво на коешто е сега.
Таа реши да проговори отворено за двојните стандарди и бројните пречки со кои се соочувала во кариерата, ама и за навредите што ги трпела бидејќи е жена. Секако, со доза на хумор.
„Секогаш се чувствував подобро со нешто цврсто меѓу нозете“, по што го „зграпчила“ микрофонот со нив.
„Ви благодарам што ѝ одадовте почит на мојата долга кариера и покрај големиот сексизам и константната злоупотреба низ којашто минував.“
И токму тогаш кралицата на попот ја започнала својата искрена исповед дека ѝ се заканувале со нож и ја силувале кога како тинејџерка дошла во Њујорк. Таа раскажала за непријатното искуство кога слушала како ја нарекуваат „вештерка“ и „неморална“, кога читала гнасотии за себе од кои и сега ѝ е мака.
“Еднаш дури и ме споредија со ѓавол“, рече таа во говорот. „И сакам да им се заблагодарам на сите што се сомневаа во мене, кои ми велеа дека не можам да успеам, дека грешам. Вашиот отпор ме направи посилна. И ви благодарам на тоа.“
Мадона пред неколку месеци наполни 58 години и навистина не размислува да запре. Зад себе има 12 студиски албуми. Првиот наречен Madonna е издаден далечната 1983 година, а последниот, под наслов Rebel Heart го промовираше минатата.
Иако не ја сметаат за добра пејачка, таа е жената што поставува стандарди во музиката.
Иако велат дека не знае да глуми, во нејзината биографија се запишани улоги во дури дваесет филма.
Зад себе има неколку пропаднати брака и вели дека првиот сопруг, актерот Шон Пен, е нејзината најголема љубов.
Има и три деца. Тврди дека ако некогаш се откаже од музиката, тоа може да биде само заради нив.
Но, не би сакала. Ниту пак ние. Додека постои Мадона во светот на музиката, и музиката во светот ќе се движи во нов, инвентивен, поинаков правец. Бидејќи неа ќе ја создава токму Мадона.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот