Има 91 годинa и дух на маж од 40. Не постои човек што не би посакал барем еден ден да се најде во чевлите на основачот на еден од најпознатите магазини на светот, Плејбој. Или, барем во неговите пижами.
Хју Хефнер е роден на 9 април 1926 година во Чикаго, како постаро од двете деца на Грејс и Глен Хефнер. Бил срамежливо дете, а бидејќи неговите родители биле строги, му забранувале алкохол, цигари и секаков вид пороци. На училиште не бил одличен, но го заинтересирало новинарство заради што се вклучил во работата на училишниот весник.
Самиот Хефнер вели дека убавината на девојките ја открил на 16-годишна возраст. Почнал да се отвора и да ги вика на состаноци. Помош имал и од мајка му која му купила книга за сексот, но Хју вели дека првото сексуално искуство го доживеал дури на 22 години.
Се запишал на Универзитетот Илиноис каде што дипломирал креативното пишување и уметност. По завршувањето на студиите почнал да пишува хумористични текстови за „Дејли Илиноис“, а потоа за студентскиот магазин „Shaft“.
Првиот брак го склучил 1949 година со својата училишна другарка Милдред Вилијамс. Биле во брак 10 години и имале две деца, ќерката Кристи Ен и синот Дејвид Пол.
Бидејќи не го напуштала љубовта кон новинарството, решил да создаде списание за мажи, но не за сите, туку за образовани, урбани, амбициозни и млади луѓе. Решил дека сексот мора да е важен дел од магазинот и дека тоа треба да бидат фотографии од голи девојки, а не само текст.
Првиот број на „Playboy“ излегол во декември 1953 година, а на насловната страница била голата Мерилин Монро. Бил испечатен во 70 илјади примероци, од кои се продале 54 илјади.
Во најубавиот период на списанијата, „Playboy“ имал тираж и од 4,5 милиони примероци, а во него се нашле Памела Андерсон, Шарлиз Терон, Шерон Стоун, Ким Бесинџер, Синди Крафорд…
Хефнер самиот го создал митот за себе и својот живот, објавувајќи текстови за себе, богатството и начинот на живот.
По втор пат се оженил 1989 година, со една од неговите зајачици, Кимберли Конрад, со која ги добил синовите Марстон Глен и Купер Бредфорд, но и овој брак не потрајал. Според него, причината е нејзиното неверство.
Тврди дека во животот бил со повеќе од 1000 жени, но дека никогаш не ги изневерувал сопругите.
И денес живее во својата Плејбој вила, окружен со (претежно) русокоси убавици. Не престанува да ги одржува познатите Плејбој забави, на кои, не може да влезе секој.
По трет пат се ожени за Нова година, 2012 година. Неговата сопруга е скоро 60 години помлада од него. Иако вели дека овој брак ќе трае до крајот на неговиот живот, блиски пријатели на Хју велат дека третата сопруга, Кристал, ја нема во неговиот тестамент.
На 90-годишна возраст Плејбој милионерот не застанува. Напротив, го живее животот со полни гради.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.