Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ЖИВОТОТ НА ЕДИТ ПЈАФ – НЕВЕРОЈАТНА ФРАНЦУСКА ИКОНА НА КУЛТУРАТА И МУЗИКАТА

209
Прегледи
Сподели на фејсбук

Француската икона на културата и музиката, Едит Пјаф била родена на19 декември 1915 во Париз, а починала на 10 октомври 1963 година во Грас. Таа и денес се смета за најголемата фрнацуска пејачка на сите времиња. На светот му е позната по песните како што се La Vie en rose, Non, je ne regrette rien, Hymne à l’amour, Milord. Таа била инспирација на многу композитори, била ментор на многу млади уметници и стекнала меѓународна слава. Нејзиниот глас одѕвонувал низ сите светски арени сè до крајот на кариерата кога се соочила со тешки здравствени проблеми.

Нејзината присутност во културата не била само на музички план. Едит Пјаф се појавила и како актерка реализирајќи неколку театарски  и филмски улоги. Со необична личност и глас, таа останува една од најславните икони кои се препознатлив знак на нејзината земја.

Приказната за нејзиното детство е навистина тажна. Таа е родена во сиромаштија, како ќерка на Луј Алфонс Гасион, циркуски изведувач и на Анета Мајард, пејачка, позната под уметничкото име Лин Марса. Мајка ѝ заради сиромаштијата во која живееле, уште додека била малечка ја оставила кај баба ѝ која по потекло била од Алжир. Бабата, која пак била алкохоличарка, воопшто не се грижела за малата Едит, така што таа растела во многу лоши хигиенски и здравствени услови. Живеела 18 месеци во тој ужасен дом сè додека не се вратил татко ѝ од фронтот и не ја оставил на чување кај нејзината тетка Зефара, сопственичка на јавна куќа во Берне во Нормандија.

Иронично, но откао Едит почнале да ја одгледуваат проститутките во куќата, таа првпат почнала да се храни здраво, носејќи убави и чисти фустани и пиејќи здраво нормандско млеко. На 7 или 8 годишна возраст, го изгубила видот добивајќи кератит. Тетката, откако разбрала дека и некое друго девојче заболено од истата болест било излекувано откако се помолиле врз гробот на Тереза Мартин во Лизје, решава со девојките од јавната куќа да оди да се помоли за здравје на малечката Едит. Фатиле воз, се помолиле врз гробот на Тереза, земале земја која секоја вечер со шамија ја врзувале на очите на Едит. По осум дена, Едит оздравела. Таа сиот свој живот чувствувала посветеност кон светицата Тереза, чиј лик го носела на медаљонот што ѝ стоел околу вратот во тек на целиот живот.

Дали навистина така се случило, нема да дознаеме, но светот е благодарен што има музичко наследство од Едит Пјаф, музичка дива и вечна кралица на нотите.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

НАУЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА ДА БИДАТ САМОСТОЈНИ

Следен пост

ВИДЕО: 16 ГОДИШНА БУГАРКА И УПАТИ КРИТИКИ НА ГРЕТА ТУНБЕРГ

Следен пост

ВИДЕО: 16 ГОДИШНА БУГАРКА И УПАТИ КРИТИКИ НА ГРЕТА ТУНБЕРГ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.