Колку од нас периодов го поминуваат најмногу на своите балкони?
Сите оние кои немаат избор за уживање во своите дворови, карантинскиот период го минуваат најмногу на балконите. Затоа, тоа мора да биде место на кое вистински ќе уживаме.
Благодарение на нив, може да се опуштиме под сонцето како замена за одењето во парковите. Балконите се идеален простор на креирање на оаза која ја врзува убавината на надворешниот свет со внатрешниот ентериер.
Без разлика на големината на балконот, со неколку совети може да го креирате вашето омилено катче од домот.
Во случај да сте ограничени со реквизитите кои може да ви помогнат и имате потешкотии за нарачка онлајн на нов мебел, неколку перници и цвеќиња може да завршат огромна работа во промената на сегашниот изглед.
Изнесете го целото зеленило од домот и ако имате можност, додадете полици на едниот ѕид на кои ќе ги наредите сите цвеќиња.
Ние одбравме неколку фотографии кои може да ве инспирираат во оваа цел.