Mоника Белучи, Италијанка, жена над жените со безвременска убавина. Нејзината харизма и природна женственост не остава никого рамнодушен. Таа е мајка на две деца, познава повеќе јазици и е пример за секоја жена.
Верува во љубовта во секоја форма која ја води низ животот, а токму за тоа ви издвојуваме нејзини цитати кои ќе ви ја отворат душата…
- Првото дете го родив на 40, второто на 45 години, имав улога за Бонд франшизата и никогаш повторно не би сакала да имам 20 години. Во младоста ја поседувате онаа „ѓаволска убавина“, која не ја разбирате – не ја познавате.
- Но, кога имате 50 години, во вас се раѓа убавина од друг вид, таа убавина дава сила.
- Убавината на жената е проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо друго освен убавина.
- Нам не ни припаѓа ништо: ни мажите, ни децата. Ние можеме само да ги поделиме чувствата, емоциите со луѓето кои ги сакаме.
- Жената може да сака со таква моќ што никој никогаш нема да посака да си замине. Но, може да дојде и оној ден кога ќе си замине тука-така, како никогаш да не сакала.
- За мене, стареењето значи подобрување.
- Луѓето можат да простат, ум, дури и талент, но убавина и успех – никогаш!
- Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојот одраз во огледалото веќе нема да ме радува? Истото што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себеси во огледало – ќе си ги гледам децата.
- Јас секогаш на младите девојки им велам: „Научете да го сакате своето тело“. Совршнество не постои и сосема е очигледно дека жена со облини не е помалку убава од витките девојки. Едноставно, треба да се научите да се прифатите себе, онакви какви што сте.
- На сите ни се неопходни илузии. Токму заради тоа, ги сакаме филмовите.
- Да бидеш убав на 20 години – тоа е сосема природно. Кога сте убави на 35 или 45, тоа е резултат на работа на себе и внатрешна среќа.
- Според мене, со оглед на младоста и убавината, да станеш спонзоруша на некој со длабок џеб, бескрајно да го трошиш животот по забави е лудост. Убавината ни е потребна како средство да ја пронајдеме хармонијата, љубовта и смислата во овој хаотичен свет.
- Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие само признаваат дека сте подобри од нив.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.