Визионерот на Шанел, Карл Лагерфелд е познат по тоа дека нема проблем да го каже јавно своето мислење на познатите и да не ги поштеди ако има негативни коментари. Дали им се допаѓа или не, не е важно оти тоа е негова изјава, од која реално сите се плашат.
Еве некои од неговите најпознати изјави:
Во контекст на тоа дека сака скапи и луксузни работи тој ќе изјави:
„Кога имав само 4 години, барав од мајка ми за роденден да ми купи паричник”
За емоциите после ревија:
„Јас сум “fashion” нимфоманијак кој никогаш не доживува оргазам.“
За неатрактивните луѓе:
„Животот не се врти само околу убавината. Некои грди луѓе можат да бидат фантастични. Тоа што навистина не го поднесувам се крајно грдите луѓе. Најлоши од се се ниските мажи. Во нив има нешто лигаво, одбивно. Жената може да биде ниска, но за мажите тоа е проклетство бидејќи по дефиниција се злобни суштества и сакаат да уништуваат.“
За мотивацијата која го терала да слабее:
„Ослабев речиси 40 килограми за да можам да ги носам оделата на Хеди Слиман.“
За сопствениот стил:
„Јас се доживувам како карикатура, но тоа не е моментот кој најмногу го сакам. Тоа е како да имам маска. За мене венецијанскиот карневал трае цела година, дефинитивно.“
За разговорите:
„Мразам интелектуални разговори со паметни луѓе бидејќи мене ми е важно само моето мислење”
За деца:
„Кога имате возрасно дете како да имате 100 години. Фала, не ми треба тоа.“
За беспрекорниот стил:
„Сите треба да одат на спиење дотерани и негувани како да се подготвуваат за важен состанок.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот