Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Аткинсон или МР. Бин – Чарли Чаплин на денешницата

47
Прегледи
Сподели на фејсбук

Ројан Себастијан Аткинсон – веројатно под ова име речиси никој не го знае актерот кој го играше популарниот мистер Бин, една од најдобрите комично-сатирични серии на сите времиња. Иако серијата одамна не се снима, мистер Бин остана класика која и денес со задоволство се гледа, а за ова е заслужна маестралната глума на Аткинсон.

Тој е британски глумец, комичар и сценарист роден на 6 јануари 1955 година во Консет, Англија. Пред Мр. Бин, Аткинсон и беше познат на пошироката публика по хумористичниот серија Црна Гуја.

14233048_10154494188326667_2477683356080027373_n

Тој е најмлад од четворицата браќа, а неговиот татко, Ерик, бил фармер и директор. По завршувањето на основното и средното училиште Ројан студира на Универзитетот во Оксфорд, насока која нема врска со актерството – електроинженер. Но, во текот на своето школување на Оксфорд, запознава многу писатели и актери со кои подоцна ќе соработува.

Ројан Аткинсон го сметаат за еден од најголемите, ако не и најголем комичар на малите екрани. За своите уметнички заслуги, во 2013 година, кралицата Елизабета Втора му ја додели титулата витез, и сега е „сер“.

Поради неговата голема популарност, некои го нарекуваат и Чарли Чаплин на современиот свет. Аткинсон се има појавено на многу “Само за смеа” фестивали и има снимено и голем број реклами за познати светски фирми.

14291725_10154494186516667_7032735248979125151_n

Аткинсонова филмска кариера почна 1983 година со споредната улога во филмот “Џејмс Бонд: Никогаш не вели никогаш”. Истата година го снима филмот “Мртов на време” само што овој пат игра главна улога. Следното негово појавување на големото платно беше во филмот “Високо момче” од 1989 година. Во 1993 глуми во филмот “Hot shots! Part Deux”, кој всушност беше пародија на филмот “Рамбо 3“.

Еден од неговите најголеми филмски хитови беше филмот “Четири венчавки и погреб” снимен 1994 година. Истата година го позајмува гласот за ликот на Заза во дизниевиот цртан филм “Кралот на лавовите“.

После тоа Аткинсон продолжува да се појавува во споредни улоги во филмовите “Тркате на стаорци“, “Скуби ду” и “Всушност љубов“.

14203384_10154494187396667_4161726715340352552_n

Но, во 1997 година се појавува неговиот најголем филмски хит “Мистер Бин” на филмските платна ширум светот. Подоцна за овој филм е снимено продолжението “Мистер Бин на одмор” во кој овој препознатлив лик патува во Франција. Филмот се појави во март 2007 година. Помеѓу овие два проекта Аткинсон сними уште една пародија, овој пат на Џемс Бонд. Филмот беше крстен “Џони Инглиш“, и беше снимен во 2003 година и постигна завиден успех.

Еден од препознатливите елеменати на комиката на Ројан Аткинсон е пренагласувањето на буквата “Б” во изговорот. Веројано тоа е остаток од од времето кога имал проблеми со зборувањето и пелтечел, па со упорни вежби и учење на артикулација успеал да го надмине проблемот.

Неговиот стил на актерска игра често пати е базиран врз визуелни ефекти, и токму затоа и го споредуваат со стилот на Чарли Чаплин, што го издвојува Аткинсон од мноштовото денешни комичари кои главно се потпираат на дијалогот или монологот.

Претходен пост

Најпознатите изјави на Карл Лагерфелд

Следен пост

Маја Анџелоу- „Никогаш не им верувам на луѓе кои не се смеат.“

Следен пост

Маја Анџелоу- „Никогаш не им верувам на луѓе кои не се смеат.“

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.