Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Најпознатиот филмски каубој, Џон Вејн

101
Прегледи
Сподели на фејсбук

Кариерата му тргнала нагоре благодарение на режисерот Џон Форд, кој инсистирал Вејн да ја добие главната улога во вестернот „Поштенска кочија“.

Актер, режисер, продуцент и најпознат каубој во Холивуд – вака може да се опише Џон Вејн, човекот кој го донесе Дивиот Запад во најголемиот филмски град во Америка.

Роден е 1907 година во градот Винтерсет, во државата Ајова, како прв син на аптекарот Клајд Леонард Морисон и Мери Алберта Браун. Го крстиле Мерион Роберт Морисон, според имињата на нивните татковци.

Детството му го одбележале караниците на родителите, честото селење и сиромаштијата, па затоа уште на 10-годишна возраст Мерион продавал сладолед, разнесувал весници, а по часовите работел и во аптеката на татко му. Бидејќи немал пари за школување, а го изгубил и семејниот дом по разводот на родителите, решил да го напушти училиштето, се преселил на таванот кај некој пријател и се вработил во филмското студио Фокс.

Заработувал само 35 долари неделно, а тоа едвај ги покривало трошоците за живот. Работел од утро до мрак, среќен што заработува доволно за да може да ја изведе на кафе својата девојка и голема љубов, Џозефина Алисија Сенз.

Во тоа време почнал да работи и како статист во неколку филмови, но тоа го гледал само како начин да го дополни својот буџет.

Кога наполнил 23 години, ја добил главната улога во филмот „Долгото патување“, кој требал да биде најспектакуларниот вестерн филм во тоа време. Режисерот Рајол Волш не можел да најде соодветен актер бидејќи тогаш се појавил звучниот филм, а ѕвездите на немиот филм како да не можеле да се навикнат на новиот медиум. Волш барал актер кој ќе биде доволно „силен“ за да поведе цел караван преку Дивиот запад. И тогаш го забележал младиот работник на сетот кој со леснотија носел две маси во рацете. Само две недели подоцна веќе бил на пробно снимање. Шефовите на студиото виделе дека не е добар актер, но дека се однесува природно пред камерите, па му ја дале улогата и плата од 75 долари неделно.

Тогаш се појавил и проблемот со неговото име. Тие сметале дека Мерион не е доволно гламурозно и мажествено, па решиле да го смени во Џон Вејн.

Кариерата му тргнала нагоре благодарение на режисерот Џон Форд, кој инсистирал Вејн да ја добие главната улога во вестернот „Поштенска кочија“. Публиката била одушевена од филмот кој почнал да се прикажува во март 1939 година и кој бил награден со Оскар.

Вратите на Холивуд му ги отворила улогата на Ринго Кид. Во следните три и пол децении играл во многу филмови на Форд и станал една од најкомерцијалните американски ѕвезди на 20 век.

Популарниот каубој приватно не ја криел страста кон алкохолот и кон актерките со коишто глумел. Многумина зборувале за неговите афери со Марлен Дитрих и Лана Тарнер.

Од сопругата Џозефин се развел 1945 година, кога веќе бил заљубен во 20-годишната мексиканска актерка Есперанца Дијаз Кебалос, а со која и се оженил подоцна.

Ќе остане запаметен по улогите во филмовите “Трагачи“, „Човекот наречен храброст“, „Долго патување дома“, „Црвената река“, „Тврдината на Апачите“, „Рио Гранде“, „Најдолгиот ден“ и други.

Починал на 11 јуни 1979 година. По неговата смрт како да умреа и каубојските филмови, оние вистинските.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

Која е Ивана Трамп, првата сопруга на Претседателот на Америка?

Следен пост

Шопинг во Anabella со Елена Вишка

Следен пост

Шопинг во Anabella со Елена Вишка

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.