Сана Марин е избрана од нејзината социјалдемократска партија за да го замени премиерот во заминување, Анти Рин.
Сана Марин ќе биде предводник на централно-левичарска коалиција од пет партии, а во секоја од нив има жена која стои на чело на партијата – четири од нив се на возраст под 35 години.
Сана Марин е на возраст од 34 години и ќе стане најмладата премиерка во светот и третиот женски лидер во земјата.
Поранешниот премиер Александар Стуб ја прослави новата коалиција, велејќи дека „покажува дека Финска е модерна и прогресивна земја“.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.