Има нешто посебно во погледот кон градот од високо, магијата на светлата кои даваат дополнителна убавина на глетката. Од едната страна Водно, од другата градот кој изгледа како никогаш да не спие.
Досега, настаните како од филм беа резервирани за големото платно, од сега ги имате во реалноста.
Рагуза360 Rooftop е местото за кое се зборува во градот, локација каде што се одржуваат најголем дел од настаните кои се паметат.
Лоциран во центарот на градот, ова е идеално место за корпоративни настани, свадби и прослави.
Во екот на предновогодишните забави, Рагуза360 Rooftop ве потсетува дека празничната атмосфера може да биде незаборавна.
Обвиен во елеганција и луксуз, Рагуза360 Rooftop располага со 1.200m2 комплетен простор од кои 700m2 е простор за користење, 4 лифтови, професионално осветлување и озвучување, неограничен паркинг, супер брз интернет, услови кои ги добивате при организација на корпоративен настан.
Капацитетот за гости за седење 400 гости, коктел 750 гости и театар 200 гости.
Доколку пак организирате свадба, покрај претходно наведените карактеристики, ресторанот обезбедува и комплетна декорација на просторот, приватна соба ,гардеробер, релакс софа, сеф, тоалет, како и бина за подобар ефект за време на прославата.
Менито е уште една од работите кои се дефинираат по ваш вкус. Изборот на понудена храна е голем – останува на вас да одлучите како ќе изгледа менито.
Најголемата одлука при организација на настан е локацијата – се друго е едноставно кога професионален тим ќе застане зад вас. Подгответе се да ја доживеете прославата која секогаш сте ја посакувале, но овојпат вистински ќе уживате во неа.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.