Пред точно 17 години Оливер ја започна приказната “НАГОМИ ФИТНЕС ЦЕНТАР”. Успешните луѓе секогаш својот успех го споделуваат со останатите во општеството. Така и Оливер своите успешни спортски здрави навики започна да ги споделува со општеството создавајќи го ова место “НАГОМИ ФИТНЕС ЦЕНТАР” кое што денеска е дом за околу 200 членови, рекреативци и професионални спортисти (фудбалери, ракометати и сл.)
На почетокот Нагоми Фитнес Центарот беше класичен фитнес центар со многу спортски справи и сл. Но следејќи ги потребите, трендовите и светската еволуција на спортот, после неколку години класичниот фитнес центар прерасна во сала за функционални тренинзи.
Конзумирањето на здрава храна е од суштинско значење за правилно функционирање на телото. Меѓутоа, за да ги видите резултатите од вашиот тренинг режим, треба да го нахраните вашето тело со вистинските хранливи материи. Ова значи да јадете многу протеини, сложени јаглехидрати, здрави масти, витамини и минерали. Сите овие хранливи материи можете да ги добиете од целосна храна или преку суплементација.
Истражувањата покажуваат дека правилниот и соодветен тренинг може да ги подобри физичките перформанси, но исто така неправилното и несоодветно тренирање може да биде многу штетно за начинот на кој телото се движи и функционира.
Затоа во “Нагоми Фитнес Центарот” се нудат различни програми како за вежбање така и за исхрана. Оливер како сопственик и тренер и Теа како тренер успешно ги спроведуваат своите мисии, следејќи ги во континуитет резултатите на секој член.
Како најпрепорачани програми кои што во континуитет се спроведуваат се Кардио и мискулна издржливост, Powerbuilding, Full body aesthetics, сила и кондиција. Исто така се спроведуваат и индивидуални тренинзи со индивидуални комбинирани програми согласно барањето и потребите на клиентите.
Како новитети, а со цел да се поттикнат здравите навики за физички активности и правилен раст и развој кај децата, во Нагоми Фитенес Центарoт се организираат и роденденски забави поинакви од оние на кои што сме навикнати. Роденденските забави се базирани на спортски игри, натпревари и физички активности придружени со многу насмевки и добра музика. Па дали постои нешто поубаво од искрена детска насмевка?! J
За сите оние кои што се двоумат дали и кога да се приклучат или пак не се сигурни во своите физички можности, “Нагоми Фитенс Центар” им дава можност да дојдат на пробни тернизни со цел да се тестираат себе си и да се приклучат на семејството кое 17 години гради здрави навики.