Во изминатиов период ЕКО ФЛУИД активно ја спроведува кампањата “Биди и ти ЕКО СЕРВИС”
За таа намена во авто сервисот на ТЕХНОКОМЕРЦ АД Скопје, познат под брендот Stop & Go на 26.02.2025 година се одржа кратка презентација за правилно постапување со отпадните моторни како и законските обврски во управувањето со посебните текови на отпад. ТЕХНОКОМЕРЦ АД Скопје како општествено одговорна компанија со сериозност пристапи кон спроведување на сите критериуми за добивање на статут ЕКО СЕРВИС.
Иако покрај исполнувањето на сите законски критериуми како и спроведување на истите во пракса, на автосалонот на ТЕХНОКОМЕРЦ – Stop & Go, EКО ФЛУИД му додели дополнително и специјализирана опрема за извлекување и складирање на отпадни моторни масла.
Веруваме дека овој настан ќе поттикне и другите компании и авто сервиси да ни се придружат во мисијата за почиста животна средина.
Биди Ин со ЕКО ФЛУИД во Тим!


