Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Мојот машки глас е искрен и го чувствувам со секој дел од телото – Ксенија Николова

103
Прегледи
Сподели на фејсбук

Сите оние што уживаат во пишаниот збор на Ксенија Николова, сега ќе можат нејзините најинспиративни зборови да ги носат секаде со себе. Буквално. Младата авторка во соработка со својата издавачка куќа Матица и S.ignaturemkd денес ќе ги промовира патиките со нејзин потпис, а на кои се испишанои некои од зборовите кои се нејзина најголема мотивација и водилка во животот.

Три книги, трите одлично прифатени од публиката. Освен што имаат заеднички автор, која е нишката што ги поврзува, којашто ги прави твои, препознатливи?

„Мислам дека она што ги поврзува сите три книги е искреноста со која се напишани и начинот на кој се раскажани. Се трудев да го пронајдам својот глас како автор и да бидам удобна во сопствената кожа, да работам без да се фокусирам само на резултатот, туку најмногу на приказната која сакам да ја раскажам и што истата ќе промени. Можеби публиката токму тоа го виде во моите дела и затоа ги прифати.“

kn2__1475566799_77-29-146-216

Веруваш ли во љубов на прво читање? Која книга си ја прочитала повеќе од еднаш, книга која можеби те инспирирала да почнеш и самата да пишуваш?

„Ги читам драмите на Дејан, и постојано и постојано се заљубувам како да е прв пат. Што се однесува до пишувањето, не верувам во тоа дека восхитот кон некое дело треба да те инспирира да напишеш и ти свое. Возможно е, но не е правилно. Не е вистински, не е природно. Не сме она што сме затоа што сме се восхитувале некому кој бил истото тоа што ние сме денес. Треба да бидеме она што сме заради тоа што друго не умееме да бидеме, затоа што сме само ова и само ова е нашата вистина.“

Пишуваш во машки род… Се сеќаваш ли на моментот кога реши од тебе да излезе гласот на посилниот пол? Всушност, зошто пишуваш и пренесуваш пораки преку очите, устата и умот на еден маж?

„Не го знам одговорот на ова прашање, но знам дека мојот машки глас е искрен и го чувствувам со секој дел од телото.“

kn3__1475566740_77-29-146-216

Си размислувала ли за псевдоним? За твоето машко алтер его?

„Да бидам искрена, не. Не би знаела како да се претставам како маж затоа што не сум тоа. Единствено што знам е да пишувам во машки род затоа што така ми доаѓа, нешто ме тера и тоа е тоа. Нема некој посебна филозофија или објаснување.“

Во соработка со твојата Матица и S.ignaturemkd својот „потпис“, односно твоите инспиративни мисли веќе се наоѓаат на нивната линија патики. Кои се зборовите што ги одбра? На кој начин те мотивираат тебе и која порака сакаш да ја пренесеш преку нив?

„Одбрав позитивни и храбри зборови кои очекувам да дадат сила и мотивација за подобро утре. На пример, креирај, простувај, сакај, љуби, играј, смеј се и биди добар, скромен, вреден, умен, весел, среќен. Мене овие зборови ми се како знаци кои сакам секој ден да си ги гледам, да ме потсетуваат дека треба да бидам благодарна и дека мојата среќа зависи од мене и дека денес е нов ден и јас повторно имам шанса да направам нешто добро и да бидам среќна.“
kn-jpg__1475566771_77-29-146-216

Последниве години многу музичари инсистираат токму ти да напишеш текст за нивните песни. Колкав дел од текстовите се твоја приказна, а колкав дел е нивна сторија? Тешко ли е понекогаш да се најдат вистинските зборови?

„Многу ми е драго што приказната со пишувањето текстови почна и трае, се радувам што добивам нови шанси да се докажам и изразам. Текстовите се случуваат спонтано и секој од нив има своја приказна. Не постои правило, постои само момент. Тешко е да се најдат вистинските зборови кога ги бараш, инаку е лесно, затоа што сами доаѓаат.“

13495248_975779262543583_1023713707310410781_n
Имам впечаток дека не си човек што може да застане на едно место, ниту да му се препушти на успехот без да се стреми кон нешто ново… Дали почнуваат да се движат пеперутките во тебе и да те тераат да размислуваш за следната книга? Или во главата се врти некој друг предизвик?

„Имам предизвици во главата, но ниеден од нив не е за некое наредно дело во овој период, затоа што последната книга убаво ме истроши со инспирација и чувствувам дека немам што да кажам во моментов. Работам на текстови, имам планови за некои други работи и приватно сум посветена на себеси малку повеќе, работам на својата личност, се трудам да растам и учам секој ден, среќна сум и ја ценам својата среќа, љубовта ми е насмеана и јас ѝ се смеам назад. Искрено, мојот најголем предизвик во моментов е мојот живот, сакам семејство и сакам деца, во мене веќе некое време постои голема желба за тоа и се радувам и на самата помисла, без разлика што уште се нема случено.“

Подготви: Андријана Јовановска 

Фото: Приватна архива

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Tags: зборовиксенија николоваматицапатики
Претходен пост

“Угостителството е образот на една нација”- Митко Јанчев, Генерален директор на “Кожувчанка”

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Владимир Четкар – Отсекогаш сум сакал да пливам со големи музички ајкули

Следен пост

Човекот кој ги измисли фотомоделите

Discussion about this post

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.