40 години, Питер Линдберг е еден од најдобрите модни фотографи, човекот кој направи револуција кога станува збор за фотомоделите.
Тој е најдобро познат по неговите впечатливи црно-бели фотографии од 90те години на кои се наоѓаат моделите од рангот на Кејт Мојс, Наоми Кемпбел и Линда Еванџелиста. Линдберг е едно од неколкуте имиња кому му се препишуваат големи заслуги за појава на супермоделите.
Неговиот фокус ист така го насочи кон актерките како Џулиен Мур, Шарлот Ремплинг, Кејт Винслет и музичарите Тина Тарнер , Дафт Панк и многу други.
Тој има ставено потпис на многу едиторијали за познати списанија, насловни страници и рекламни кампањи.
Повеќе од 220 фотографии беа дел од изложбата која беше отворена минатиот месец во Кунстхал музејот во Ротердам – “Peter Lindbergh: A Different Vision on Fashion Photography”.
Линдберг е човекот кој остро се противи на ретуширање на фотографиите бидејќи смета дека така се губи автентичноста. Ниту една неговите фотографии никогаш не била обработена.
Неговата е уметност ја почитуваат не само модната сцена, туку и останатите кои некогаш имале прилика да соработувааѕ со него и да ги погледнат неговите дела.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот