Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

МОДНАТА ИНДУСТРИЈА ГО ПОКАЖА ДРУГОТО ЛИЦЕ

МОДНАТА ИНДУСТРИЈА ГО ПОКАЖА ДРУГОТО ЛИЦЕ
44
Прегледи
Сподели на фејсбук

Општата свест за климатските промени, фактот дека индустријата е еден од најголемите загадувачи на природата и дека брзите модни компании продолжуваат безмилосно да произведуваат тони и тони облека, придонесоа за јавно незадоволство, што исто така ги осуди инфлуенсерите за натрупување со облека што модните дизајнерија испраќаат до нив, со една цел – тие да седнат неколку минути во првиот ред на нивните ревии. Нивните соработници и модни списанија истоа така беа обвинети дека помагаат во загадување на животната средина. Иако, секој бренд почна да внесува промени по ова прашање, сепак тоа одеше бавно.

Но, сетоа тоа рапидно почна да се менува откако се појави епидемијата на КОВИД – 19. Модната индустрија ја покажа својата зголемена свесност сакајќи да направи нешто подобро за луѓето.

Еден од најголемите загадувачи на планетата и еден од најголемите поддржувачи на потрошувачите го покажа своето второ, поубаво лице.

Откако креативните директори на модните куќи Prada и Versace, Miuccia Prada и Donatella Versace најавија дека ќе обезбедат финансиска и медицинска помош на италијанските болници, откако брендот Moncler, донираше 10 милиони евра за изградба на 400 единици за интензивна нега во Милано, LVMH објави дека нивните фабрики ќе започнат со изработка на средтсва за дезинфекција на раце, Bvlgari објави дека ќе произведува и донира неколку стотици илјади шишиња гел за дезинфекција на раце, шпанскиот бренд Зара објави дека ќе произведе и донира маски и заштитна облека за медицински персонал, го разбуди и најсилниот играч на индустријата, чии приходи за 2018 година надминуваа 13 милијарди евра.

Имено, луксузниот моден конгломерат Kering конечно се огласи со информација дека ќе се направат медицински маски за работниците во француските болници наместо фустани, здолништа и чанти во работилниците Balenciaga и Saint Laurent, а во меѓувреме ќе донираат дури три милиони маски нарачани од Кина и финансиска помош на приватната фондација Институт Пастер. Исто така, во наредните недели фабриката на италијанскиот моден бренд Gucci, најголемиот бренд на групацијата, ќе произведе повеќе од еден милион маски и 55.000 заштитни одела за вработените во болницата во Тоскана.

И додека Европа е на нозе, вистинската битка само што почнува во Соединетите Држави, од каде излегуваат вести дека Vogue и CFDA(Совет на американски модни дизајнери) ќе ги пренаменат средствата од заедничкиот фонд за поддршка на членовите на модната заедница кои ќе претрпат штета од појавата на коронавирус. Од основањето на фондот, на добитниците на наградите им беа дистрибуирани повеќе од 6 милиони американски долари, а сега е отворена можноста за донации, а можно е Том Форд, кој е претседател на Советот и Ана Винтур, главен уредник на списанието, да бараат поддршка од најголемите донатори. За понатамошно подигнување на свеста за ова прашање, тие ќе презентираат и видео серија наречена „Заедничка нишка“, за да дадат увид во тоа како американските креатори и нивните вработени се справуваат со новата глобални состојба, заради која нивниот бизнис е нарушен и кој е планот за „опстанок“.

Извор: buro247.hr

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ШТО ЗНАЧИ ТЕРМИНОТ „НАПРАВЕНО ВО ШВАЈЦАРИЈА“

Следен пост

ЈЕЛЕНА СПЕНЏАРСКА: ПОСАКУВАМ МНОГУ ЗДРАВЈЕ НА СИТЕ

Следен пост
ЈЕЛЕНА СПЕНЏАРСКА: ПОСАКУВАМ МНОГУ ЗДРАВЈЕ НА СИТЕ

ЈЕЛЕНА СПЕНЏАРСКА: ПОСАКУВАМ МНОГУ ЗДРАВЈЕ НА СИТЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете не и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Следете нѐ и преку нашата страница на facebook


This will close in 9 seconds