Светските здравствени организации порачуваат да не излегуваме надвор без потреба и да седиме во своите домови што е можно повеќе – со цел да се заштитиме себеси и луѓето околу нас.
Постојат толку многу нешта што можеме да ги направиме во својот дом, а меѓу нив сега е и гледањето на македонските театарски претстави – онлајн.
Македонскиот народен театар на својот Facebook профил објави дека од утре ќе бидеме во можност да уживаме во театарските претстави без воопшто да го напуштиме домот.
“Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.
Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн.”
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.