Манекенката и нејзиниот сопруг, кои се болни во моментов, ги очекуваат резултатите од тестирањата за Корона вирусот, сепак најдоа начин да бидат романтични.
Хајди е болна веќе неколку дена, а нејзиниот сопруг кој се вратил од турнеја пред неколку дена исто така не се чувствува добро.
Додека ги чекаат резултатите од испитувањата, се во целосна изолација, па дури и еден од друг.
“Социјална дистанца е она шро сите мораме да го сториме, како би биле одговорни граѓани на овој свет. Сите сме заедно во ова, а нас ни останува да ги штитиме нашите најмили, нашите соседи и целата заедница. Слушајте ги службите и останете дома…особено ако не се чувствувате добро“. – порача Хајди на својот Instagram профил.