Влезете во светот на неодоливите и вонвременски мириси на Trussardi. Мирисот на прекрасната Италија на вашата кожа!
Trussardi Feminine:
Денешната жена мора да биде еманципирана, слободна, силна, самостојна, секогаш да управува со својот живот. Инспириран од овие суштински вредности на современата женственост, Trussardi Parfums ја создаде новата класика во уметноста на парфимерството и автентичноста.
Оваа цветно –шипре комбинација е претставена во 2021 година. Trussardi е првиот парфем од модната куќа дизајниран за новите, современи жени кои знаат како да комбинираат етика и естетика, а се посветени на правдата и убавината. Одлучни секогаш да бидат одговорни за својата судбина и способни да ги пренесат овие пораки на следните генерации. Оваа апсолутно италијанска мирисна композиција ја формулирал познатиот женски пар користејќи низа типично италијански состојки како би постсетувале на елеганција, спокој, среќа и извонредноста на Италија. Оваа мирисна композиција настанува околу основните параметри на италијанскиот дух и женствената храброст.
Trussardi Pure Jasmine:
Парфемската вода Trussardi Pure Jasmine припаѓа на chypre цветната фамилија – цвеќе во бела боја. Горните ноти се ф’стак, нероли и бергамот, а во средните ноти се јасмин, муган и шапака, додека базата ја чинат ванила, сандаловина и пачули. Pure Jasmine парфемската вода креирана од Violaine Collas и Julie Masse е претставена во 2022 година. Совршена, свежа, а топла мирисна композиција.
Trussardi Ruby Red:
Чипре-цветен Eau De Parfum, е третото поглавје од еко-компатибилната колекција посветена на современата женственост.
Овој примамлив парфем припаѓа на фасцинантното семејство на мириси шипре, слатки, дрвенести и цветни мириси. Горните ноти се расплетуваат со блескавата енергичност на бергамот хармонично споена со мешавина на црвено овошје и ѓумбир. Мирисот открива страсна и софистицирана личност слична на жената што го носи, во срцевината содржи ноти на цимет, иланг-иланг и ванила орхидеја. Понатаму, основните ноти се состојат од сандалово дрво, пачули и Orcanox, компоненти кои традиционално се наоѓаат во машките парфеми, што ја обвиткуваат суштината на овој смел мирис создаден од трио парфимери.