Hallstatt е еден од најпознатите и најпосетуваните градови во Австрија. Сместен е на брегот и на истоименото езеро. Тоа е дестинација која што може да се посети во секое време во текот на годината, кога е градот покриен со снег, кога е се бујно и зелено на пролет и лето или пак да се ужива во боите на есента.
Во Hallstatt имате многу опции за забава, возење со бродот, истражување на мистериозните улички или едноставно да уживате во чаша топол чај или кафе во еден од локалните пабови.
Истражувањето на стариот град е најдобра опција кога сте во Hallstatt. Уличките изгледаат совршено со шарените куќички и преубавото езеро. Некогаш е тешко да се поверува дека ово место е реално.
Погледнете и сами како изгледа: