Меколи Калкин, детето ѕвезда кое сите го обожаваа и му предвидуваа светла иднина, не ги исполни очекувања. Своевремено беше прогласен за најуспешно дете во 90-тите, титула која пред него ја имаше само Ширли Темл. Се чини дека го следеше кармата на сите деца кои станаа ѕвезди уште од малечки. Присутен беше во светот на филмот до неговите тинејџерски години, а потоа, според светските медиуми се препушти на пороците кои му го попречија патот до славата.
Но, да се потсетиме, кој е Меколи Калкин?
Меколи Карсон Калкин е роден на 26 август 1980 година во Менхетен, а израснал во Јорквил. Неговиот татко е Кристофер Калкин кој е поранешен актер познат по неговите продукции на Бродвеј.
Калкин е израснат во католичко семејство и посетувал Католичко училиште во Јорквил.
Тој е трето од седум деца, пет машки и две женски : Шејн, Дакота, Киеран, Квин ,Кристијан и Рори. Во неговото детство Меколи и неговата фамилија живееле во мал стан, мајка му работела во телефонска централа, а неговиот татко бил клисар во локалната католичка црква.
Калкин почнал со глумa на четири месеци,но тој интернационалната слава ја стекна со улогата на Кевин МекКалистер во планетарно популарниот филм Сам дома (1990) и потоа во 1992 година во продолжението Сам Дома 2.
Во 1998 година се оженил со Рејчел Минер, со која се развеле во 2002 година. Тоа е период кога ја почнува врската со Мила Кунис, со која остана до 2011 година.
Од ноември 2013, Калкин е во врска актерката Џордан Лејн Пајнс.
Во септември 2014 година, тој беше уапсен во Оклахома за поседување дрога, за што одлежа кратко време во затвор и беше ослободен со кауција.
Да се потсетиме на неговата филмографија во продолжение:
1988 Rocket Gibraltar
1989 See You in the Morning
1989 Uncle Buck
1990 Jacob’s Ladder
1990 Home Alone
1991 Only the Lonely
1991 My Girl
1992 Home Alone 2: Lost in New York
1993 Dangerous: The Short Films
1993 The Good Son
1993 The Nutcracker
1994 Getting Even with Dad
1994 The Pagemaster
1994 Richie Ric
2003 Party Monster
2004 Saved!
2007 Sex and Breakfast
2011 The Wrong Ferarri
2015 Adam Green’s Aladdin
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот