Меган Маркл сега конечно ќе може слободно да дише, додека во Канада го чека Принцот Хари да заврши со деталите околу нивното напуштање на кралскиот живот, изјавил еден од нејзините пријатели за Daily Mail.
Таа чувствувала дека мора да избега бидејќи живеењето под кралските правилa и ја одземало душата и не се чувствувала своја и автентична, а тоа и пречело да се оствари на најдобар начин и во улогата на мајка.
“Меган се довери на потесниот круг пријатели дека заминувањето оттаму било прашање на живот или смрт (мислејќи на духовна смрт). Рече дека не сака Арчи да ги трпи последиците од нејзиниот стрес и анксиозност. Околината ја нарече токсична за неа и детето бидејќи имало многу тензија и фрустрации. Меган не сака Арчи да расте во такви околности.”
Веројатно токму ова е причината која се крие позади изјавата на принцот Хари и Меган дека се повлекуваат од своите кралски позиции.
Меган е инспирирана од нејзините пријатели, Барак Обама и Мишел Обама и сака да има свое влијае врз народот без да си ги “извалка рацете”. Британскиот народ воопшто не е среќен поради оваа одлука и неодамнешна анкета покажа дека поголемиот дел од популацијата сака тие комплетно да се откажат од Кралството (за сега Кралицата им дозволи да ги задржат своите официјални титули).
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.