Leonardo DiCaprio
Не можеме да зборуваме за активисти и поборници за животна средина, а да не го спомнеме Leonardo DiCaprio. Самиот факт дека за време на говорот кој го одржа кога ја доби наградата Оскар, го искористи да зборува за климатските промени, покажува колку многу е посветен на целта.
Неговите активности почнуваат во 1998 година кога основаше фондацијата “Earth’s last wild places and fostering a harmonious relationship between humanity and the natural world” . Денес актерот е дел од повеќе одбори за животна средина почнувајќи со Global Green USA се до atural Resources Defense Council. Не само што донира редовно, туку вози Prius и вети дека нема да користи приватен авион за транспорт. Тој е моќен пример како треба секоја личност да биде свесна и да се бори против климатските промени.
Meryl Streep
Нејзиниот „зелен“ пристап датира уште од 80те години кога се придружи на Natural Resource Defense Council со цел зголемување на свесноста за загрозување на животната средина. Актерката зад себе има повеќе моќни примери за активизмот на оваа тема. Еден од нив кампањата која што ја започна со Wendy Gordon со цел зголемување на стандардите и критериумите за употреба на пестициди. Со бројни донации и соработки, Meryl Streep продолжува да ја негува својата улога во заштита животната средина, промовирајќи го чинот на рециклирање и други пракси кои играат голема улога за животната средина.
Cate Blanchet
Ко-уметничкиот директор и актерка во Sydney Theater Company, Cate Blanchet заедно со сопругот Andrew Upton беа клучни фигури во проектот Greening the Wharf. Движењето обезбеди инсталација на 1900 соларни панели во Walsh заливот во Сиднеј, што обезбеди 70% од вкупните потреби на театарот. Таа исто така го промовираше и дирекно беше инволвирана во процесот на рециклирање, односно повторна употреба на театарските реквизити и костими.
Emma Watson
Emma Watson, е Амбасадорка на добра волја и активист за чување на животната средина. Актерката има свој став во однос на темата и не пропушта прилика да го покаже и каже јавно тоа. Низ годините, Watson промовираше сезонски линии за облека, во соработка со People Tree. За време на нејзината турнеја за филмот „Beauty and the Beast“, еколошка облека со што јавно ја изрази поддршката и посветеноста кон зелената кауза.
Brad Pitt
Brad Pitt е веќе познат по неговите хуманитарни активности. Како и да е, актерот не престанува, туку продолжува да биде долготораен борец против загадувањето и климатските промени. Тој има донирано големи суми на пари за различни „зелени“ активности кои ќе помогнат во одржување на животната средина. Одржување на дивиот свет и природните ресурси се две од акциите од кои беше дел. 5 милиони долари донираше на U.S. Green Building Council проектот, со што само ја докажа својата 100% посветеност на целта.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.