Кога Џонатан Пинкард, 27 годишен маж со аутизам бил отфрлен од листата за трансплатација на срце, неговите надежи дека ќе преживее исчезнале.
Тогаш, тој ја пронашол Лори Вуд, медицинска сестра која со својот неверојатен хуман гест се погрижи пациентот да го прими медицинскиот третман кој ќе му го спаси животот.
Тие се запознале во 2018-та година, а два дена подоцна Лори го посвоила Џонатан, бидејќи покрај тоа што тој ги исполнувал сите услови за да може да добие соодветна операција на срце, бил отфрлен од листата бидејќи немал семејство кое ќе се грижи за него по операцијата.
57 годишната Лори, која работела во болницата во која бил Џонатан хоспитализиран и се грижела за него, не можела да го игнорира фактот дека имала можност да му помогне.
“Морав да му помогнам. Тој ќе умреше без потребната трансплатација, а јас ги имав сите услови за да се грижам за него.”
Според American Transplant Foundation, околу 20 луѓе дневно умираат додека чекаат органи за трансплатација, а на листата се повеќе од 114,000 лица кои чекаат да го добијат органот кој ќе им го спаси животот.
Џонатан во август ја преживеа успешната трансплатација и оттогаш живее со Лори која се грижи да ги земе сите 34 апчиња дневно. Таа исто така редовно го носи на контроли и се надева дека ќе успее да го научи како да живее независно.
“Таа ме третира исто како нејзините синови и јас сум вистински благодарен за тоа.” -вели Џонатан. “Да не беше таа, јас немаше да бидам личноста која што сум денес.”
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.