Harvard Business Review пренесува искуство на мајка чија професија е програмер.
Hagit Katzenelson е современа мајка која има диплома инженер по електротехника, MBA како и 14-сет годишно искуство во областа. По раѓањето на трите деца таа морала да паузира со работа 4 години, бидејќи немало кој да се грижи за нив. Откако решила почне да работи повторно, потрагата по нова работа траела 5 години.
„Секогаш ме одбиваа заради периодот во кој имав вакум простор, претпоставувајќи дека заради децата, работата секогаш ќе биде на второ место и јас нема да бидам професионална.“
Со вакви или слични ситуации се соочуваат голем дел од мајките кои што работат во светот и кај нас. Изолација, игнорантност, незаинтересираност и на крајот одбивање се дел од работите со кои се соочува секоја мајка која што сака да се врати на работа после породилно отсуство или поголема пауза.
Грижата за децата не значи неспособност за извршување на работни обврски. Секоја жена која што се соочила со ова – има потреба да се врати на работата, на секојдневните обврски. И да, не е спорно дека децата секогаш ќе бидат на прво место, како што не е спорно дека истата таа ќе ги заврши многу побрзо и поефикасно задачите во текот на работните часови, за да стигне дома на време кај децата што секогаш и се на прво место.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.