Во време на социјална изолација, секој од нас бара начин како полесно и поедноставно да го издржи периодот кој е пред нас. На оваа тема, прашавме дел од нашите познати лица, блогерки и инфлуенсери како се справуваат и што прават во моментов:
Во време на оваа социјална изолација, јас одлучив да се посветам на самата себеси. Би сакала да споделам како се одвива еден мој обичен ден- Не сум ранобудник, па сега се будам малку подоцна од обично. Денот ми започнува со топол напиток од цеден лимон, ѓумбир и мед,проследено со житарки за доручек. Потоа следува утрински пилатес, среќна сум што успеав да се мотивирам да почнам да вежбам по дома ?. Остатокот од денот си го координирам во согласност со моите желби.
Претпочитам во текот на денот да читам книги- моментално ја читам ,,Го имам твојот број” од Софи Кинсела (романтична комедија) и ја препорачувам на сите љубители на добра книга. Секако денот не ми мине без изгледана епизода од мојата омилена серија ,,Friends” – не знам по кој пат ја гледам, но едноставно ме расположува.
Покрај овие активности, често испробувам разни маски за лице кои ги правам со домашни состојки а ги наогам на интернет. Пробајте и Вие ? Добрата страна на карантинот е што конечно го средив мојот гардеробер ? Никогаш не бил поуреден ?
-Маринела Милошевска
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.