Дали се сеќавате кога последен пат паѓал снег на 1-ви април? Можеби пред повеќе од 10 години.
Оваа година не е различна само заради временските услови, туку и заради здравствената ситуација во која се наоѓа целиот свет.
Но, тоа не значи дека креативноста треба да биде во социјална изолација исто така. И онака, најголем дел од времето сме на социјалните мрежи каде што се „дружиме“ со пријателите, па така може и и сега еден виртуелен маскенбал да се направи.
Бидете ликот кој што сакате, ископаајте гардероба ос плакарот која што сте ја заборавиле, направете комбинација која ќе ја долови маската што ја сакате. А на лицето – слободно играјте си со шминката, сега имате време да ја направите совршена.
Еве неколку идеи:
- Шерон Стоун во филмот „Казино“
Како да ја направите маската: Врзете ја косата високо како на фотографијата, пронајдете фустан кој е разголен и има светки на него, сино палто, шминката не е тешка за да се погоди, а обавезно нагласете ги трепките или ако имате вештачки трепки уште подобро.
- Фиона на Шрек
Ретро фустан, мали перничиња кои ќе ги ставите на колковите под фустанот, зелена боја(сенка, молив или пак бои за цртање по лице) и веќе сте подготвени.
И не заборавајте, денеска се прават шеги на туѓа сметка, така што имате време да смислите како да се пошегувате со пријателите и блиските.
1-ви април нека почне 🙂
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.