Маја Анџелоу e aвторка на седум автобиографии, писателка на мемоари, поеми, музичарка, актерка и една од најголемите поборници за еднаквоста и човековите права. Tаа почина на 86-годишна возраст, но остави мудрости кои ќе живеат уште многу долго.
„Љубовта е како вирус. Може да му се случи на кој било во кое било време.“
„Никогаш не им верувам на луѓе кои не се смеат.“
„Труди се да бидеш виножито во нечиј облак.“
„Ако не ти се допаѓа нешто, промени го. Ако не можеш да го промениш, промени го твојот став. Не се жали.“
„Не им верувам на луѓето кои не се сакаат себеси, а сепак ми велат: Те сакам. Една африканска поговорка вели: Внимавај кога гол човек ти нуди маица.“
„И се восхитуваме на убавината на пеперутката, но ретко ги признаваме промените низ кои таа поминала за да ја достигне таа убавина.“
„Научив дека можеш да кажеш многу за една личност по тоа како се справува со три нешта: дождлив ден, загубен багаж и заплеткани новогодишни сијалички.“
„Не можете да ја исцрпите креативноста. Колку повеќе ја користите, толку повеќе имате од неа.“
„Може да наидеме на многу порази во животот, но никогаш не смееме да дозволиме да бидеме поразени.“
„Научив дека луѓето ќе заборават што си кажал, луѓето ќе заборават што си направил, но луѓето никогаш нема да заборават какви чувства си им побудил.“
„Ако секогаш се трудиш да бидеш нормален, никогаш нема да дознаеш колку неверојатен можеш да бидеш.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот