Денеска решивме да ви ги кажеме работите кои Џек Николсон ги научил низ животот. Кој не би сакал да прочита што има да каже оваа жива филмска легенда со огромно искуство зад себе.
- Мразам совети освен ако не ги давам јас.
- Мразам и да давам совети, затоа што луѓето не сакаат да ги прифатат.
- Сакам дискурс. Умирам од желба некој да успее да ми го промени мислењето. Веројатно сум едниствениот либералец која ја чита Treason на Ann Coulter.
- Сакам да знам, разбирате? Сакам да ги слушам луѓето. Тоа е мојот еликсир на животот.
- Мислам дека многу луѓе не го разбираат концептот на слободно време и важноста која ја има во нашите животи.
- Посебно бев горд на мојата изведба на Џокерот. Сметам дека тоа е дел од поп културата.
- Камерата фотографира тоа што гледа.
- Многу се срамам заради следнава изјава, но јас од весник ги читам само спортските страници.
- Секогаш сметав дека кошарката е најдобриот спорт иако јас не бев најдобар во тоа. Само беше најзабавно да се гледа.
- Јас сум човек кој растел во време кога немало телевизија. Така што, кога ги видов моите внуци како ги гледаат денешните цртани филмови со голема внимателност помислив дека светот полудел.
- Во последно време, не давам големо значење на тоа што актерите мислат како еден лик треба да изгледа. Акцентите и сличните промени се работи со кои не сакам да ми додеваат. Мора да направиш промената да доаѓа од длабочината на твојата личност. Сè се сведува на тоа кој си ти и на тој начин вистински можеш да придонесеш кон карактерот кој го играш. Се чувствувам автобиографски за сè што правам.
- Моето мото е: повеќе добра забава и убави времиња.
- Мислам дека направив многу добри работи. Ја прифаќам одговорноста за мојот успех како и за сите несупеси.
- Не сум силен, издржлив и посветен како што луѓето мислат. Јас преферирам веднаш да си одам дома штом завршам со работата.
- Децата ми ја даваат смислата на животот без која не можам.
- Мажите доминираат заради физичката подготвеност и затоа што тие имаат милост во ситуации каде што жената нема.
- Ако жената реши дека е готово тогаш навистина е готово и ти немаш право на жалба.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.